Овие општи услови за работа (AGB) важат за целокупната деловна кореспондеција на IHP Expert GmbH, Ружица Тадич Tомаз, Адреса: Königstr. 71, 90402 Nürnberg (во понатамошниот текст под името „IHP Expert GmbH„) со нејзините клиенти. Тие важат исто така и за идните бизниси.
Според тоа се противречи на отстапувањето од условите за работа на клиентите.
Надвор од условите за работа IHP Expert GmbH признава само доколку јасно е договорено или е неприкосновено е наложено од законодавецот.
Општите услови за работа (AGB) се состојат од опши одредби (I.) како и посебни одредби за советување (II.), Преводи (III.), Толкување (IV.), лекторат, составување на текстови (V.) и за јазични и интеркултурни тртенинзи или одржување на семинари (VI.).
Клиентот може да ги види овие општи услови за работа на www.ihp-expert.de/agb.php, да ги отпечати или да побара да ги добие во писмена форма преку Е-Маил kontakt@ihp-expert.de
I. Општи одредби
§ 1. Општо
(1) Понудите од IHP Expert GmbH во однос на цената, количината, роковите за достава или можностите за достава подлежат на промена.
(2) Условите на IHP Expert GmbH се сметаат за прифатени, а противречните услови зa откажани, доколку во рок од три дена не ни се достави приговор во псмена форма со точно назанчен вид и обем на услов кој не се прифаќа.За очиглени грешки, печатни или грешки во пресметката давателот на налогот не може да изведува побарувања од страна на IHP Expert GmbH.
(3) Условите за работа на давателот на налогот за IHP Expert GmbH се обврзувачки само доколку IHP Expert GmbH ги има писмено признато.
§ 2 Доделување на налог за работа
(1) Клиентот ги дава налозите писмено или во електронска или друга форма.
(2) Во интерес на по можност непречената заедничка соработка се превземаат налози и телефонски или на други неформални начини. Евентуалните проблеми кои можат да произлезат тука одат на штета на клиентот.
(3) Налогот за работа важи како доделен кога е потврден писмено од наша страна. При потврдувањето на налогот се одредуваат видот на бараната услуга, количината, термин на достава како и начинот на пресметувањето на цената.
(4) IHP Expert не одговара за одолговлекувањата или недостатоците при изведувањето на налогот кои настануваат преку нејасно, неточно или непотполно доделување на налогот или грешки односно недоразбирања како резултат на погрешни формулирања.
(5) Кај советувања, толкување, поединечен јазичен коучинг термините можат да бидат откажани до 24 часа однапред. Подоцна откажаните термини ќе бидат наплатени.
§ 3. Извршување од страна на трето лице
(1) IHP Expert GmbH смее да ангажира трето лице за извршување на налогот, доколку е тоа целисходно или потребно во вршењето на налогот. Притоа, IHP Expert GmbH сноси одговорност само за внимателно направерн избор. Должноста за внимателноста при изборот значи во секој случај, дека при ангажирањето на трето лице се работи за експерт со кој IHP Expert GmbH односно вашето познато претшријатие веќе имаат успешно заедно работено.
(2) Принципиелно деловната врска постои само помеѓу IHP Expert GmbH и клиентот. Контакт помеѓу клиентот и третото лице кое е ангажирано од IHP Expert GmbH, треба да биде одобрен.
§ 4 Плаќање и данок на промет
(1) Цените се во евро, освен ако не е договорено поинаку.
(2) Во случај на поголеми нарачки, може да се побара аванс или плаќање на рати според обемот на услугите.
(3) оговорените хонорари, респективно цени, се нето цени плус данок на промет, освен ако не е поинаку наведено.
(4) Фактурите до 200,00 € доспеваат за плаќање веднаш, без одбиток. Освен ако не е поинаку договорено, останатите фактури на клиентите треба да се платат во рок од 14 дена од денот на издавањето на фактурата. Доколку клиентот не ги исполни своите обврски за плаќање, IHP Expert GmbH може да бара обесштетување и/или да се повлече од договорот во согласност со законските одредби.
(5) IHP Expert GmbH секогаш издава фактура на клиентот и исто така може да ја испрати фактурата во PDF-формат преку емајл.
(6) Доколку клиентот ги промени или прекине нарачките или ги смени условите за давање услуги, истиот ќе ги надомести сите направени трошоци на IHP Expert GmbH и ќе го ослободи IHP Expert GmbH од сите обврски кон трети лица.
(7) Доколку клиентот се повлече од договорот пред почетокот на обработката на нарачката, IHP Expert GmbH може да побара адекватен дел од договорениот хонорар како такса за откажувањето.
(8) Расходи на трети лица, издатоци и трошоци треба да се надоместат на IHP Expert GmbH одделно со поднесок на соодветни докази.
§ 5 Дефекти, виша сила, затворање и ограничување на работењето, мрежни и серверски грешки, вируси
(1) IHP Expert не одговара за штети, предизвикани од дефекти во работењето, особено предизвикани од виша сила, на пр. природни појави и прекини на сообраќајот, мрежни и серверски грешки, какви било други нарушувања на линијата и преносот и други пречки за кои IHP Expert GmbH не е одговорен. Во такви исклучителни случаи, IHP Expert GmbH има право да се повлече од договорот целосно или делумно.
(2) Истото важи и доколку IHP Expert GmbH поради важна причина целосно или делумно мора да престане со работа особено со онлајн услугата или да ја ограничи за одреден временски период.
(3) Исто така IHP Expert GmbH не одговара за штети предизвикани од вируси. Со цел да се минимизира ваквиот ризик, IHP Expert GmbH користи антивирусен софтвер и истото го препорачува на клиентите.
(4) Во случај на испорака на документи во форма на датотека, клиентот е одговорен за финална проверка на пренесените датотеки и текстови. Не може да се признаат побарувањата за обесштетување во врска со ова.
§ 6 Одговорност и рекламации
(1) IHP Expert GmbH не одговара за загубата на материјали предадени од клиентот, доколку загубата не е предизвикана од IHP Expert GmbH. Клиентот мора да обезбеди соодветна заштита на неговите податоци.
(2) IHP Expert GmbH одговара само во случај на груба небрежност и предумисла; одговорноста во случај на мала небрежност се применува само ако се повредени основните договорни обврски.
(3) Доколку клиентот не поднесе писмени приговори веднаш, но најдоцна во рок од 2 недели (дата на примање од IHP Expert GmbH), се смета дека услугата е одобрена. Во овој случај, клиентот се откажува од сите побарувања на кои може да има право поради можни недостатоци во услугата.
(4) Ако клиентот се жали на објективно постоечки и не само незначителен недостаток во рамките на овој рок од 2 недели, овој недостаток мора да се опише што е можно попрецизно, а на IHP Expert GmbH прво треба да му се даде можност да го поправи. Ова исто така важи и за итни нарачки со многу кратко време на испорака. Ако поправката е докажано неуспешна, клиентот има право на намалување на цената или на менување. Понатамошните побарувања, вклучително и побарувањата за обесштетување поради неисполнување, се исклучени. Во секој случај висината на одговорноста е ограничена на вредноста на предметната нарачка.
(5) Сите побарувања за обесштетување кон IHP Expert GmbH се ограничени на износот на фактурата (нето) освен ако со закон не е предвидено поинаку. Исклучени од ова ограничување на обесштетувањето се случаи, во кои штетата е предизвикана од груба небрежност или со предумисла. Нема одговорност за изгубена добивка или последична штета. Во секој случај, исклучена е компензација за последична штета како изгубена добивка.
(6) Изречно e исклучена регресна одговорност за побарувања за штета од трети лица.
§ 7 Заштита на податоци
(1) На клиентот му е познато и тој одобрува дека личните податоци кои се потребни за одвивање на налогот ќе бидат меморирани од IHP Expert GmbH на носачи на податоци. Клиентот изречно се согласува со собирање, преработка или користење на неговите лични податоци. Се разбира дека меморираните лични податоци од страна на IHP Expert GmbH ќе видат грижливо третирани. Собирањето, преработката или користењето на личните податоци на клиентот следи под внимание на Сојузниот закон за заштита на податоци (BDSG) и Законот за телемедиуми (TMG).
(2) Личните информации можат со претходно изрично одобрување на клиентот да бидат употребени и за информирање за продукти, маркетиншки мерки или други услужни дејности.
(3) Клиентот го има на располагање правото неговата согласност во секое време со делотворност во иднина да ја отповика. IHP Expert GmbH е задолжен во овој случај веднаш да ги поништи личните податоци на клиентот. Доколку има склучено договор кој уште трае, поништувањето се врши по завршувањето на договорот.
§ 8 Чување на тајни
(1) IHP Expert GmbH се обврзува да ги задржи во тајност сите податоци кои му се познати како резултат на дејноста која ја има извршено за нарачателот.
(2) Во однос на електронски испратените текстови и податоци као и секоја друга комуникација во електронска форма помеѓу клиентите, IHP Expert GmbH и можните трети лица исполнители на налогот, IHP Expert GmbH не може да гарантира апсолутна заштита на деловните и информативните тајни и другите поверливи податоци или информации затоа што не може да биде исклучено дека неовластени трети лица по електронски пат можат да имаат пристап до испратените текстови.
§ 9 Применето право и судска надлежност
(1) Деловните односи помеѓу IHP Expert GmbH и клиентите подлежат на правото на Сојузна Република Германија со исклучок на Конвенцијата на ОН за продажба на стоки.
(2) Доколку е допуштено, за сите спорови за двете исклучиво е надлежен судот в Нирнберг, Германија.
§ 10 Салваторска клаузула
Овие општи услови за работа продолжуваат да бидат задолжителни и при правна неделотворност на поединечни точки.
(Посебните одредби се достапни само на германски јазик)