IHP Expert GmbH ве информира и советува детално како да се излезе на германскиот пазар и таму успешно да се работи.
Начелно, за странските фирми во Германија важат воглавно германските прописи кои ги дефинираат условите и начинот на работа како и правата и заштитата на работниците на работата во Германија.
Доколку странското претпријатие во Германија врши дејност за кја според германсите прописи е предвидена лиценца, односно дозвола (на пр. лизинг на работнци, занаетчиски дејност како што е електроинсталација,
прецизна механика, хидроизолација, односно пружа медицински услуги, даночни и правни совети итн.), мора пред вршењето на дејноста да добие лиценца, односно дозвола од страна на надлежниот орган.
Покрај тоа, странската фирма може да отвори работна единица, односно да основа фирма-ќерка, самостојно правно лице.
Задгранично работење во ЕУ и надвор од ЕУ
Фирмите кои се основани надвор од ЕУ го немаат истиот статус при работењето како и фирмите кои се основани во ЕУ. Фирмите кои се основани во некоја од земјите на Европската унија имаат пристап на пазарот за стока,
работна сила и услуги во Германија под истите услови како и германските фирми.
За останатите фирми пристапот до пазарот за стока, работна сила и услуги е отежнат. Тие мораат да сметаат на отежнати околности, како што се царина на стоката која потекнува односно се произведува надвор од ЕУ.
Притоа, фирмите од Европската унија имаат поедноставни постапки и олеснети услови за добивање на лиценца, односно дозвола за регулирана занаетчиска дејност на германскиот пазар доколку таа дејност ја вршат
во матичната земја и/или во други европски земји.
Така, европските фирми можат да испраќаат работници за изведување на работи и без одобрување од страна на германската агенција за вработување според европските и германските прописи за испраќање на работници, односно на т.. н. деташирани работници.
Но, српските, босанско-херцеговските, македонските и турските фирми можат да испраќаат работници за изведување на работи само во рамките на деташманот само со претходна согласност со германската агенција за вработување и
тоа во склад со претходно склопените билатерални договори за вршење на работа во Германија.
Фирмите од другите земји немаат право да испраќаат работници за изведување на работи без претходно склопен билатерален договор.
Европските фирми можат повремено и привремено да вршат задгранични услуги и без отварање на постојана работна единица. Останатите странски фирми, доколку сакаат да вршат услуги во Германија мораат да отворат барем несамостојна работна единица.
Воедно, европските фирми можат да позајмуваат работници на другите фирми во Германија ако поседуваат дозвола за изнајмување на работници од германска Агенција за вработување. Останатите фирми ја немаат таа можност.
Странските државјани кои сакаат да основаат фирма во странство, мораат да почитуваат низа на законски прописи и формалности. Странските фирми, секако, имаат можност да основаат нови правни лица во странство. За таа цел мора да се почитуваат важечкитѕе законски прописи за основање на фирм,а. Притоа, многу е важно да ви се познати условите за да можете да се подготвите врз основа на нив. Како ваш партнер од доверба ви пружаме стручна помош при секој ваш чекор. Со нас ќе основате фирма во најбрз можен рок и по потреба да ги добиете сите потребни дозволи за обавување на саканата дејност.
- Држави на Европската унија
Начелно слободата на пружање услуги во Европската унија важи и за новите членки. За жал, пружањето на услуги на подрачјето на градежништвото (и сродните занаетчиски гранки), чистење и одржување на згради, инвентар и превозни средства, како о кај дејностите за внатрешно уредување важат преодните одредби кои можат да траат и до максимални 7 години.
- Држави надвор од Европската унија
Сојузна Република Германија има склучено меѓународни договори со следните држави надвор од Европската унија: Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија и Турција со кои ангажманот на странските „работни бригади„ е ограничен на неколку контингенти.
Притоа многу е важно да ги знаете условите како би можеле да се подготвите за нив. Ние со задовоолство ви пружаме струќна потпора ако е потребно, при пријавувањето на работници на царината ("Zoll"), при поднесување на барање за ослободување од плаќање на градежен данок (односно добивање на "Freistellung"),, кај поднесување на барањети за проверка на обврските на плаќање на доприноси во социјалната каса во градежништвото ("ULAK", oдносно "SOKA-Bau"), при поднесувањето на барањето за добивање на потребните дозволи како што се "Ausnahmebewilligung-a" и сл.., односно пријави кај надлежната занаетчиска комора ("Handwerkskammer"), итн.
Како би можеле да ви ја пружиме оптималната поддршка како при проценувањето на вашите шанси на пазарот, како и излегувањето на пазарот,изработуваме за вашата фирма темелна анализа на пазарот и потенцијалот во склад со вашите потреби. Професионално ги бараме за вас саканите информации во склад со дадените параметри користејќи фи притоа сите постоечки бази на податоци, како и сопсдтвените извори. На тој начин во можност сте подобро да го процените вашиот потенцијал и вашите планови да ги прилагодите на посебните локални услови за работење.
Вие барате работа во Германија?
Советување за вашите можности и перспективи. Изработка ма мотивационо писмо и СV.
Вие сакате да работите во Германија како подизвршител на работи?
Вие имате серифицирани стручни лица, добри препораки како во земјата така и надвор од неа? Ние ви помагаме да ја остварите својата цел. Ви помагаме при добивањето на потребните дозволи, при пријавувањето на работниците, како и при "Freistellung"
Вие барате квалитетни преведувачки услуги?
Кај нас преводите ги изработуваат стручни лица на кои целниот јазик им е мајчин.
Вие барате деловни партнери во Германија?
Ние ви помагаме во стратешко планирање и изработка на концепт.
Вие барате успех на германскиот пазар?
Услуги на деловното советување-Предности и недостатоци на задграничното работење.