Ние ве информираме и советуваме детално како би биле во можност во склад со вашата ситуација и вашите цели да го пронајдете соодветното решение и да имате посебна корист од него.
Доколку барате работа во Германија, важно е CV-то и мотивационото писмо да ви бидат напишани во согласност со германските стандарди и обичаи. Концизно, јасно и добро структурирано. Фотографијата е исто
така составен дел од документацијата и треба да биде направена професионално. Сѐ што ќе се напише во мотивационото писмо треба да биде аргументирано и поткрепено со факти од CV-то. Ние ве потпираме во обликувањето на CV-то и мотивационото писмо.
Работата не е сѐ, но најчесто првиот чекор. Ако сакате да го доведете семејството, на пр. сопруга/сопруг со деца на школска возраст, треба да знаете какви се можностите за продолжување на нивното образование, односно признавање на квалификациите. И при вакви и слични прашања со задоволство ви стоиме на располагање.
Државјани на земјите на ЕУ
Сите државјани на земјите членки на Европската унија, Европскиот економски простор (EWR) и Швајцарија можат да живеат и работат без ограничувања во Германија доколку имаат постојани приходи, односно доволно
средства за живот. Доколку немаат, можат да престојуваат во Германија до 6 месеци заради барање на работа.
Државјани на трети држави
На лицата кои не поседуваат државјанство на некоја од државите на Европската унија им треба воглавно виза за влез во Германија, а при подолг престој и дозвола за престој. Дозволата за престој може да се додели
за образование, вработување, спојување на семејството, азил и за други цели наведени во законот.
За работа страниците мора да поседуваат согласност за вработување, а таа зависи од моменталните потреби на германскиот пазар. Работната дозвола може да се издаде доколку има посреди конкретна понуда за работно
место и доколку помеѓу германските граѓани и граѓаните на ЕУ не се најде подобно лице за тоа слободно работно место. Работната дозвола се издава за времетраење најмногу до 3 години. Посебни погодности за работа
во Германија имаат лицата чии професии и занимања се наоѓаат на „позитивната листа„ како што се лица со факултетска диплома поради можноста за добивање на сина карта на ЕУ.
На 1. Јануар 2021 година во Германија стапува на сила нов пропис кој го заменува прописот кој важи моментално за земјите на Западен Балкан. Со новиот пропис, Владата на Сојузна Република Германија им овозможува и
после 2020 година на државјаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Треба да се напомене дека на 01.03.2020 на сила стапи новиот германски закон за доселувањето на странска квалифицирана работна сила, кој во голема мера го олеснува добивањето на работната дозвола на квалифицираните
странци со добро познавање на германскиот јазик, па дури и за барање на работа.
Странците можат да добијат и дозвола за престој со цел вршење на самостојна дејност ако постојат посебни економски интереси или потреба за тоа. Доколку сте заинтересирани за советување, слободно контактирајте нѐ.
Со нашата стручна поддршка ќе ја остварите вашата цел во најбрз можен рок.
Конкурирање за работа во Германија
Успехот при конкурирање за работа во Германија зависи пред сѐ од тоа како ќе се претставите. Ако му се допадне на работодавецот вашата писмена презентација, односно ако од CV-то е видливо дека ја поседувате бараната
квалификација и искуство и ако мотивационото писмо е уверливо, ќе бидете повикани на разговор. Во текот на разговорот морате да го убедите работодавецот дека сте вистинската личност за тоа работно место.
Во однос на вашето CV и потребната документација, ние можеме да ви помош. Контактирајте не со доверба.
Вие барате работа во Германија?
Советување за вашите можности и перспективи. Изработка на мотивационо писмо и СV.
Барате квалитетни преведувачки услуги?
Кај нас преводите ги прават стручни лица на кои целниот јазик им е мајчин.
Барате успех на германскиот пазар?
Советување во врска со работата - Предности и недостатоци на задграничното работење.